Резултати од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година

од admin_kult

Во согласност со член 65 став (4) од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18),  Министерството за култура денеска, петок (10.2.2023 год.), на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година траеја од 17 октомври до 25 ноември.

Поддршката од Министерството за информатичко општество и администрација беше драгоцена зашто овојпат аплицирањето се одвиваше преку националната платформа  „е-услуги“.

Рокот го продолживме за една недела по барање на корисниците, кои алармираа за потешкотии поради преоптовареност на системот, но имаше и субјективни проблеми поради неажурирани податоци на дел од апликантите.

Инаку, со електронската апликација, што ја воведовме минатата година, се забрза целиот процес и се елиминираше можноста за евентуална злоупотреба.

Во системот се евидентирани 3355 пријави, поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Критериумите, приоритетите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Вреднувањето на проектите и на програмите беше извршено од страна на комисии составени од стручни и компетентни лица во конкретната област, со почитување на принципите на соодветна и правична застапеност и непостоењето на судир на интереси.

Во фокусот на работата на комисиите беа принципите: поддршка на квалитетот, поддршка на младите уметници, поддршка на креативните и иновативните изрази, поддршка на проектите со традиционален и докажан квалитет и со реноме, запазување на принципот на застапеност – од родова до етничка.

Претседатели на комисиите што ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Исмет Јонузи;  за драмска дејност – Марија Спиркоска; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Јашар Сејдиу; за музичка и музичко-сценска дејност – Александар Трајковски; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Бурим Ајдини; за интердисциплинарни проекти – Кирил Пенушлиски; за меѓународна дејност – Емил Шулајковски;  за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Ејуп Рамани; за музејска дејност – Петар Намичев; за библиотечна дејност – Сузана Данаилова; за инвестиции – Егзон Асани.

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, наслов на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

Министерството за култура ги објавува и резултатите за проектите што ги доставија директорите на националните установи на Повикот за националните установи од областа на културата, кој беше објавен во јуни 2022 година, а кои ќе бидат дел од годишните програми за работа на овие установи.

За проектите што се избрани, односно одбиени, односно отфрлени на Годишните конкурси, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. За секој поднесен проект, корисникот ќе биде известен по електронски пат. Субјектите чии проекти се избрани на Годишните конкурси, по добивањето на решенијата, ќе склучат договор за финансирање проект од национален интерес во културата со Министерството за култура во согласност со Законот за културата.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одлага извршувањето.

За проектите што ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура ќе склучи договори со директорите на националните установи од областа на културата.

Во согласност со Законот за културата, проектите избрани на Годишните конкурси за 2023 година и проектите содржани во годишните програми за работа на националните установи треба да се реализираат до крајот на тековната година.

Комисиите што ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се наоѓаат на следниот линк: 

БИБЛИОТЕЧНА  ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

Национални установи

Други корисници

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Национални установи

Други корисници

Заштита на аудиовизуелни добра

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ПРОЕКТИ

Интердисциплинарни проекти

ЛИТЕРАТУРА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Манифестации

МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Манифестации

ФОЛКЛОРНА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Манифестации

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Национални установи

ИНВЕСТИЦИИ

Национални установи

Забелешка: Резултатите од Годишните конкурси за други корисници не се лекторирани бидејќи податоците се интегрално преземени од електронските апликации.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе