„Радикално навивање“ – изведба за танцот како форма на протест

од admin_kult

Во Mладинскиот културен центар вечер (21 мај) со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Радикално навивање“ во режија и кореографија на Зуфит Сajмон, во рамките на „Перформанс платформа фестивал“.

Од „Локомотива“, кои се организатори на фестивалот, информираат дека влезот е слободен, а претставата е наменета за публика над 16-годишна возраст. Поради ограничениот број седишта, доколку сакате да го осигурите своето место, треба да се направи резервација на lokomotivaskopje2015@gmail.com.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и Институтот „Гете“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе