„Профундис“ ќе настапи на затворањето на фестивалот „Раванелиус“

од admin_kult

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ в сабота, 8 јули, ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот, „Раванелиус“, во Ќуприја, Србија. „Профундис“ ќе биде дел од затворањето на овој музички фестивал.

Реномираниот камерен оркестар „Профундис“ е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената со „Профундис“  како солист ќе настапи српскиот кларинетист Огњен Поповиќ.  

Инаку, Фестивалот на музички извонредности „Раванелиус“ е еден од најпрестижните фестивали во регионот кој преку својот современ концепт придонесува за развој на класичната музика.  

Годинашното издание, кое се одржува од 1 до 8 јули, го отвори виолинистиот Немања Радуловиќ. Во своето четиригодишно постоење, Фестивалот се закити со престижното признание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на над 150 изведувачи со над 4 000 посетители.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе