Професорката Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митриќески се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година

од admin_kult

Универзитетската професорка проф. д-р Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митрикески се добитници на државната награда „Св.Климент Охридски” за  2023 година, која се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Универзитетската професорка Мурати е наградена во областа на воспитанието и образованието, а Митрикески во областа на културата и уметноста.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ e писателот Томислав Османли.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември (петок) во 12часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе