Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер во 19:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Часовник без часови“ од д-р Владимир Мартиновски, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Промоцијата ќе биде придружена со изложба на слики, инспирирани од песните во книгата. Промотор на делото е Александар Еленин.