Во кафе-книжарницата „Буква“ утре (24 септември) во 17:00 часот ќе биде промовиран проектот „Кул е кога COOL се пишува на кирилица“, кој е дел од апликациите што беа избрани на конкурсот „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура. Автор на проектот е Јана Борбала Панзов, а промотор ќе биде Наталија Лукомска.
Целта на проектот „Кул е кога COOL се пишува на кирилица“ е да се поттикне употребата на кирилското писмо кај младите на возраст од 6 до 16 години преку „стикери“ кои содржат македонски зборови наменети за Вибер, но и за друг вид рекламен материјал (маици, торби, шолји), што ќе биде изложен пред публиката.
Авторката Јана Борбала Панзов (2009) е родена во Будимпешта, Унгарија. Основното образование го започнува во Македонија, а подоцна го продолжува во Унгарија. Нејзиниот талент за цртање (сликање, графика, дигитална уметност) е потврден на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија. Изработува и амигуруми (плетени играчки) со кои учествувала на неколку локални продажни изложби.
Стикерите може да ги преземете на следниов линк: /…/11ed36a48dd1b404ad90653bf5…