Проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска ќе биде претставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад

од admin_kult

Проектот „Пејзажно искуство“ од уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска вечер (7 јуни) ќе биде претставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад. Овој мултимедијален проект во 2022 година беше национален претставник на 59. издание на меѓународната ликовна изложба „Венециско биенале 2022“, а во 2023 година беше прикажан и пред македонската публика.

Во Музејот во Нови Сад, проектот ќе биде достапен за публиката еден месец. Куратори на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ-Младенов, а комесар е директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе