На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, од 29 до 31 август ќе се одржи 13. издание на „Прилепски џез-викенд“. На отворањето на фестивалот, вечер во 21:00 часот ќе настапи квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а потоа ќе настапи составот „Кобалт код јунит“.
Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21:00 часот, по што следува настапот на квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“. На последниот ден од фестивалот (31 август) ќе настапат гостите од Словенија „Јуре Пукл органик трио“ и српскиот состав „Црно дете“.
Во оф-програмата ќе има настани на археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“ и во клубовите „Калинка“ и „Таверна“ во Старата прилепска чаршија, каде што ќе настапат црковниот хор „Св. Петка“, бендот „Такси конзилиум“ и диџејот Мишко Сапунџија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.