Учесниците на програмата „Скопје фелоушип“ во рамките на 11. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ денеска во Министерството за култура имаа можност да се информираат повеќе за Конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни дела од македонската книжевност на странски јазици.
На средбата со Билјана Туџаровска-Ќупева, раководителка на Секторот за издавачка дејност издавачите и книжевни агенти од Италија, Франција, Шпанија, Германија и Словенија можеа да дознаат повеќе за условите за превод на наши современи изданија на светските јазици.