Со изведба на претставата „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска, вечер во 20:00 часот започнува годинешната теaтарска програма во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во претставата настапуваат: Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска и Филип Кипровски.
Претставата ќе се одигра во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, пред ограничен број публика, во согласност со здравствените протоколи.