Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора

од admin_kult

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, месецов гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора.

− Првото гостување беше вчеравечер на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва, кој годинава се одржува под слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во рамките на овој фестивал, кој се одржува од 5 јули до 22 август, ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност. Второто гостување ќе биде на 18 јули, на 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват. Во натпреварувачката програма, освен претставата на МНТ, ќе учествуваат уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит − информираат од МНТ.

Во претставата „Народен непријател“ настапуваат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе