Театарот „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“ од Велес вчеравечер настапи на сцената на Народното позориште Сараево со претставата „Едвард Втори“, во рамките на 64. Меѓународен фестивал на малите и експериментални сцени во Сараево, МЕСС.
Претставата „Едвард Втори“ е копродукција меѓу Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, а ќе биде изведена на сцената на Народно позориште Сараево на 6 октомври.
Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев.
Во официјалната програма на фестивалот се 11 претстави, три од БиХ и осум од светот (Италија, Франција, Либан, Албанија, Хрватска), а три се копродукции: швајцарско-палестинска, македонско-бугарска и српско-словенечка.
МЕСС е најстариот театарски фестивал во Југоисточна Европа, на кој досега учествувале имиња, како: Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Одкарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други режисери.