Претставата „Едвард Втори“  вчера премиерно на „Охридско лето“

од admin_kult

Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ вчерa на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, премиерно беше изведена претставата „Едвард Втори“ во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, вкопродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.

Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова, која дебитираше на театарските штици.

Костимографи на претставата „Едвард Втори“ се Грузиецот Симон Мачабели и извонредниот македонски костимограф  Раде Василев.

По фестивалската премиера на „Охридско лето“ поставката на 9 септември ќе се игра на матичната сцена на Театарот во Велес и на 14 септември во Пловдив, а закажани се и неколку изведби на значајни драмски фестивали во регионот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе