Претставата „Демони“ од Ларс Норен премиерно во Битолскиот театар

од admin_kult

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола утревечер (26 февруари) во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. Во претставата настапуваат: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

-Претставата „Демони“ е интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат…Првата премиера во новата театарска сезона всушност е и прва изведба на „Демони“ на македонската театарска сцена – информираат од НУ Народен театар-Битола. Преводот од англиски на македонски јазик го направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе