Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во Филхармонија, а во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска.
Постхумно ќе бидат одликувани и Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.
-Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки, велат од Кабинетот на Пендаровски.