Прес-конференција по повод 60. издание на културната манифестација „Галичка свадба“

од admin_kult

Ве покануваме утре, 11 јули 2023 година, во 9:30 часот, на прес-конференција на која ќе биде претставена програмата за годинашното издание на  културната манифестација „Галичка свадба“.

На средбата со новинирите ќе бидат претставени и годинашните младенци, облечени во традиционалната галичка носија.

За долгогодишната традиција на „Галичката свадба“ и за  спецификите за оваа година, ќе говорат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, Александар Костиќ од МЗ Галичник и претставник од партнерот на манифестацијата „Пивара“ – Скопје.

Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на „Пивара“ – Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе