Премиерна изведба на детската претстава „Црвенкапа“ на Кумановскиот театар

од admin_kult

Вчеравечер, на малата сцена во Центарот за култура Куманово, премиерно беше изведена детската театарска претстава „Црвенкапа“, во режија на Бојана Краљевска.

Во претставата, која предизвика голем интерес и е вистинско освежување за најмладата публика, играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Сценографјата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска, а изработени од Дарко Илиевски, музиката е на Јован Цветковиќ и драматургијата на Сашо Костовски.

Претставата, чија подготовка започна во текот на јули, е дел од Годишната програма на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе