Премиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов во Театарот Комедија

од admin_kult

На 20 октомври (петок) со почеток во 20 часот на сцената на Театарот Комедија во Скопје ќе биде премиерно изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов.

Играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски-Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски. Во подготовката на претставата учествуваа: Илина Ангеловска (сценограф), Александар Ношпал (костимограф), Борјан Стојков (асистент на режија), Марија Ѓорѓиевска (асистент на сценографот) и Ивана Каранфиловска (асистент на костимографот).

Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија, а повеќе информации за датумите на изведбите се достапни на интернет-страницата www.teatarkomedija.mk.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе