Премиера на балетската претстава „Жизел“

од admin_kult

Романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам по 22 години доби обновена верзија во Националната опера и балет, а премиерата е закажана за 30 октомври во 20 часот.

„Жизел“ е магична и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам. Адаптацијата на кореографијата е на хрватската примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, Ирена Пасариќ, од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Со оркестарот на Националната опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се на познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера, заедно со Михајло Стојановски, ја изработи и сценографијата. Репетитори се: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или со потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење заштитна маска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе