Почнува 14. Филозофски филмски фестивал

од admin_kult

Со проекција на шпанскиот филм „Затвори ги очите“ на режисерот Виктор Ерисе, вечер (7 јуни) во 21 часот во Летното кино во Кинотеката ќе почне 14. Филозофски филмски фестивал.  

Под мотото „Неред меѓу редови“, на Фестивалот ќе бидат претставени 40-ина долгометражни и краткометражни филмови од Европа и од светот, како и стари класици.

Филмовите од двете селекции ќе се натпреваруваат за наградата „Златен був“, што ќе биде доделена на 13 јуни, а покрај оваа награда ќе биде доделено и признанието „Стефан Сидовски-Сидо“.

Филозофски филмски фестивал, кој ќе трае до 13 јуни, e во организација на Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Агенцијата за филм, Филозофскиот факултет при УКИМ и Кинотеката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе