Почнува 14. „Анимакс Скопје фест“

од admin_kult

Под мотото „Траење…“, во Кинотеката на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест“ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови  избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.

Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ.

Проекциите ќе почнуваат во 20 часот.  Влезот е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе