Со особена чест и задоволство ве покануваме на јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура.
Јавната расправа ќе се одржи на 7.7.2023 година (петок), од 10:00 часот, во просториите на НУ Кинотека на Северна Македонија – Скопје.
Предлог-законот за култура го изготвија: Министерството за култура; експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот; претставници од независната културна сцена; претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата); претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата.