Со особена чест и задоволство ве покануваме на јавна расправа за Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата за периодот 2023 – 2027 година.
Во насока на транспарентно донесување на овој исклучително значаен документ за културата во Република Северна Македонија, Министерството за култура организира јавна расправа на 19.7.2023 (среда) во 11:00 часот во Кинотеката на Северна Македонија.
Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата (2023 – 2027 г.), го изработија претставници од: јавни установи од областа на културата, високообразовни и научни установи, здруженија на граѓани од областа на културата и независната културна сцена, како и експерти од областа на културата.