Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за вториот циклус на програмата на УНЕСКО (Mid-Level Professional Programme – MLPP) за ангажирање на квалификувани кандидати за следните работни места на нивоата П-3 (P-3) и П-4 (P-4) според системот на категории на работни места на Обединетите нации:
Програмски специјалист во областа на образованието
Локација: Јаунде, Камерун
Ниво: П-3 (P-3)
Програмски специјалист за квалитет на водата
Локација: Париз, Франција
Ниво: П-3 (P-3)
Офицер за врски
Локација: Париз, Франција
Ниво: П-3 (P-3)
Програмски специјалист во областа на образованието
Локација: Рабат, Мароко
Ниво: П-3 (P-3)
Програмски специјалист во областа на образованието
Локација: Њу Делхи, Индија
Ниво: П-3 (P-3)
Програмски специјалист во областа на образованието
Локација: Киншаса, Демократска Република Конго
Ниво: П-4 (P-4)
Програмски специјалист во областа на образованието
Локација: Дакар, Сенегал
Ниво: П-3 (P-3)
Работните места се објавени на следниот линк: https://careers.unesco.org/. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 31 октомври 2023 година.