Во Музејот на современата уметност на 8 април (петок), во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Пејзажи на восхитот“ од уметникот Дарко Алексовски. Куратори на изложбата се: Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.
Од МСУ информираат дека „Пејзажи на восхитот“ е наративен и истражувачки уметнички проект (цртежи и проекција) составен од три засебни целини, кои меѓусебно наративно и формално се надополнуваат.
Алексовски беше еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, а, како што потенцираат од оваа Национална установа, и другите двајца наградени автори од Биеналето – Наташа Неделкова и Дритон Селмани – исто така, ќе се претстават со самостојни поставки во МСУ.