На сцената на Националната опера и балет на 19 ноември (сабота), со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе биде изведена балетската претстава „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.
Најновата балетска продукција на оваа национална културна установа претставува современ балет во три слики наменет за сите возрасти, во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), а сценограф е Филип Коруновски.
Настапуваат: Гала Кочевска, Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска, Саша Ефтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Драган Кочовски, Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос.
Ќе настапат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.