„Охридско лето“ со Велигденски концерт

од admin_kult

Во црквата „Света Софија“ во Охрид вечер (12 април), со почеток во 20 часот, Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје ќе одржи Велигденски концерт „Воскресение твоје“. Концертот е во организација на Националната установа „Охридско лето“.

„Св. Злата Мегленска“, преку своето 27-годишно континуирано работење, стана хорски расадник и културен храм кој со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика во целиот свет.

„Св. Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на хорската култура. Освен музицирањето и пријателското дружење, Хорот се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности.

Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година. Составен е од 22 женски вокали, од кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка
уметност во Скопје и од другите државни универзитети во Република Северна Македонија.

Оновач, диригент и уметнички раководител на Хорот е академскиот музичар Летка Димовска-Полизова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе