Отворен е Повикот за паневропски културни ентитети (во контекст на овој повик, оркестри) во рамките на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 31 јануари 2024 година (17:00 часот по средноевропско време)

од admin_kult

Повикот поддржува предлог-проекти доставени од културни субјекти, институции или оркестри со цел да понудат обуки, професионален развој и можности за изведба на млади музичари со голем потенцијал.

Конкретни приоритети

  • Уметници и културни професионалци: зајакнување на културните и креативните сектори. Проектите треба да се насочени кон промоција на правични, инклузивни и          разновидни  рамки кои ги поддржуваат кариерите на уметниците во подем и културните и креативните професионалци. Предлог-проектите треба да вклучат ефективни начини за         обезбедување и промовирање подобри работни услови и поправедно наградување, развој на вештини и доживотно учење, како и уметничка слобода. За таа цел, на апликантите им се препорачува да го консултираат извештајот на ЕУ за „Статусот и работните услови на уметниците и културните и креативните професионалци“.
  • Култура за луѓето: зајакнување на културното учество и улогата на културата во општеството. Со овој приоритет апликантите треба да предложат конкретни активности за градење на капацитетите на културните и креативните сектори за подобрување на учеството во културата, како и ангажманот и развојот на публиката кои помагаат да се промовираат граѓанството, вредностите и демократијата. Прдлог-проектите треба да ги земат предвид корисните аспекти на културата за здравјето и благосостојбата, особено за менталното здравје.
  • Култура за кокреативни партнерства: да се предложат конкретни активности за градење на капацитетот на оркестрите и младите европски таленти за да станат поактивни надвор од границите на ЕУ, во земјите членки на програмата „Креативна Европа“ и пошироко, а ќе придонесат во градењето и негувањето на меѓународните односи.  Овие активности треба да придонесат за развојот и консолидацијата на улогите на паневропските културни субјекти како амбасадори на Европска Унија.  
  • Култура за дигитална трансформација: поддршка на европските културни и креативни сектори целосно да ги искористат новите технологии за да ја подобрат својата конкурентност. Предлог-проектите треба да дадат конкретни активности за градење на капацитетите на оркестрите и европските млади таленти за критички и креативно прифаќање на новите технологии и промени поттикнати од дигиталната трансформација во согласност со дигиталната стратегија на ЕУ, која има цел да ја направи оваа трансформација ефективна за културните сектори и за луѓето.

Квалификувани активности

  • Соодветна комбинација на обуки, програми за менторство, стручни обуки или совети за музички професионалци.
  • Соодветна комбинација на работилници, настани, концерти, размена, копродукции, онлајн и офлајн активности со цел да се доближи светот на оркестарот до разновидната публика, особено до младите луѓе. Заедничка нишка преку овие активности треба да биде учеството и поддршката на млади, исклучително талентирани музичари во областа на оркестарската дејност.

Во оваа смисла, проектите мора да развијат и да презентираат ригорозен, транспарентен и инклузивен пристап за регрутирање и обука на млади високоталентирани музичари. Ваквите активности се спроведуваат комплементарно и во синергија со иницијативи и акции на Европската комисија, како што се: „Културата ја движи Европа“, „Музиката ја движи Европа“, „Европска платформа за промоција на уметници во подем“ и „Европска мрежа на културни и креативни организации “.

Очекувано влијание

За повикот е обезбеден вкупен буџет од 7 200 000 евра за периодот од 2024 до 2027 година, преку кој ќе се поддржат 3 – 5 проекти.

Овие проекти треба да ги развиваат кариерите на младите музичари од најмалку 20 земји кои учествуваат во програмата „Креативна Европа“; да ја негуваат различноста на културите и европските музички жанрови; да ги поттикнат учеството и пристапот на новата и младата публика до културата, овозможувајќи им да ја искусат оркестарската музика од прва рака, работејќи во традиционални и иновативни формати, меѓу уметничката извонредност и општественото ангажирање.

Проектите треба да помогнат во развојот на активности за зајакнување на улогата на оркестрите и уметниците како промотори и амбасадори на вредностите на Европската Унија. Комисијата за евалуација, покрај тоа што ќе ја земе предид евалуацијата на проектите во согласност со критериумите на повикот, ќе се погрижи при изборот да се запази географската рамнотежа и на музичките жанрови.

Квалификувани апликанти

Предлог-проектот/апликацијата се поднесува од страна на една организација, правно лице (приватно и јавно) регистрирано во земја учесничка на програмата „Креативна Европа“.

Времетрањето на предлог-проектите е четири години, а максималниот доделен грант од ЕУ изнесува 2 400 000 евра, односно до 40 % од вкупниот буџет на проектот.

Апликациите се доставуваат електронски, преку порталот  „Funding & tenders opportunity“ каде што може да најдете повеќе информации за овој повик:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cult-2024-pece?programmePeriod=2021%20-%202027&frameworkProgramme=43251814&callIdentifier=CREA-CULT-2024-PECE

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе