Отворен е повикот за „Европски мрежи на културни и креативни организации“ во рамките на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“, со краен рок за поднесување на апликациите до 7 март 2024 година (до 17 часот по средноевропско време)

од admin_kult

Поддршката на акцијата на „Европските мрежи на културни и креативни организации“ има цел да ги зајакне капацитетите на европските културни и креативни сектори да се соочат со заедничките предизвици, како: негувањето таленти, иновативноста, напредокот и  генерирањето работни места и раст.

 Повикот ќе поддржи проекти имплементирани од високорепрезентативни мрежи на европски културни организации засновани на членство во повеќе земји, кои покриваат широк опсег на земји учеснички во „Креативна Европа“. Мрежите мора да имаат заедничка мисија, правила за управување и права и обврски на членовите, како што е формално наведено (во „статутите“) и договорено од нејзините членови. Мрежите треба да бидат составени од правен субјект – координатор и негови членови. Оваа категорија проекти не се наменети за поддршка на мрежите од аудиовизуелниот сектор.

 Предлог-проектите треба да ги демонстрираат потенцијалот и континуитетот во градењето на политиките на полето на нивното дејствување. За ова, предлозите треба да ги исполнуваат следниве теми и приоритети и да бидат структурирани околу работни пакети:

Конкретни приоритети

  • Уметници и културни професионалци: јакнење на културните и креативните сектори.
  • Култура за луѓето: зајакнување на културното учество и улогата на културата во општеството.
  • Култура за планетата: ослободување на моќта на културата.
  • Култура за кокреативни партнерства: зајакнување на културната димензија на надворешните односи на ЕУ.
  • Култура за дигитална трансформација: поддршка на европските културни и креативни сектори целосно да ги искористат предностите на новите технологии за да ја подобрат нивната конкурентност.

Предлог-проектите треба да се во синергија со тековните активности финансирани од ЕУ и да ги елаборираат претходните и тековните напори, како што се:

  • имплементацијата на тековниот Работен план за култура, како што е објаснето во делот „приорити“ погоре;
  • резултатите од соработката на ЕУ со земјите членки преку Отворениот метод на соработка (ОМС);
  • гласови на културата (структуриран дијалог меѓу културните и креативните сектори во Европската Унија и во Европската комисија);
  • заедницата на знаење и иновации на Европскиот институт за иновации и технологија за култура и креативност со цел да ги трансформира културните и креативните сектори и индустрии во Европа.

 Сите предлози треба да презентираат издржана стратегија и конкретни детали за тоа како да се имплементира еден или повеќе од горенаведените приоритети.

 Предлозите треба да ги земат предвид меѓусекторските теми на програмата за (i) инклузија и различност, особено родова рамнотежа, и (ii) позеленување на „Креативна Европа.

 Проектите треба да вклучуваат соодветни активности за јакнење на капацитетите на организациите и професионалците кои дејствуваатт во креативниот и културниот сектор. Овие активности треба да бидат конкретно дизајнирани во согласност со избраните приоритети на повикот. Активностите треба да се разновидни: вмрежување, обуки или совети за професионалци, да го застапуваат интересот на секторите за овие прашања, како и да обезбедат анализа и развој на активностите, треба да се формулираат во солидна стратегиска рамка и да бидат структурирани во работни пакети. Секој работен пакет треба да соодветствува на еден од приоритетите на повикот за да се воспостави јасна врска меѓу проектните активности на работниот пакет и соодветниот приоритет на повикот.

Активностите треба да ги земат предвид потребите на членовите на мрежата и да го олеснат учеството на членовите во текот на целиот проект. Со цел да се максимира влијанието, предлог-проектите треба да создадат синергии и да поттикнуваат дијалог, соработка или размена преку, на пример, заеднички активности со други мрежи.

Очекувано влијание

Со буџет од 37 700 000 евра за периодот од 2024 до 2027 година, се очекува да се поддржат 30 проекти кои покриваат различни области од културните и креативните сектори.

Во стратегиска смисла, се очекува селектираните мрежи да дадат колективен придонес кон обликувањето на културните политики во Европа и да генерираат знаење потребно за дефинирање и спроведување ефективни културни политики во согласност со темите и приоритетите на овој повик. Поддржаните проекти треба да се стремат да изградат „мрежа од мрежи“ што може да има структурен ефект врз европските културни и креативни сектори. Овој структурен ефект треба да биде видлив за членовите на мрежата и/или за културните и креативните сектори во целина и треба да биде пропорционален со расположливите средства доделени во рамките на повикот.

 Комисијата за евалуација ќе се погрижи да се почитува географската застапеност при изборот на поднесените предлог-проекти, како и балансот меѓу различните области во културните и креативните сектори.

Апликациите се доставуваат електронски, преку порталот „Funding & tenders opportunity“ каде што може да најдете повеќе информации за овој повик:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cult-2024-net?programmePeriod=2021%20-%202027&frameworkProgramme=43251814&pageNumber=2

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе