Отворени се апликациите за резиденцијални престои во Куќата за литература и превод во Софија, Бугарија, за периодот април-декември 2022 година. Крајниот рок за пријавување е 30 март 2022 година.
Оваа меѓународна програма е наменета за писатели и професионални книжевни преведувачи на бугарската литература од целиот свет, кои со престојот во Софија ќе добијат можност да работат на своите проекти, да воспостават нови контакти со колегите и да запознаат нова публика.
Фондацијата „Next Page“ од Софија, Бугарија, која е организација домаќин на оваа програма, обезбедува сместување, консултации, професионални контакти и публицитет за работата на резидентот, како и можност за запознавање со културниот живот на Софија и клучните културни организации.
Повеќе информации за програмата се достапни на следниве линкови: https://www.npage.org/en/page?id=35, https://www.npage.org/en/page?id=36.