Во Центарот за култура во Дебар вчера се одржа 13. издание на Фестивалот за детски забавни песни на македоноски јазик „Радика-фест“.
Како што информираат од Центарот за култура во Дебар, на Фестивалот беа изведени 18 нови композиции од автори на музика и текстови од целата држава со изведувачи од Дебар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше, Гостивар, Струга, Охрид и од други градови.
– На Фестивалот се доделија 18 награди при што победник од страна на жирито беше Наџија Шаиноска, најдобар вокал Лутвија Исаковска, наградата од публиката ја доби Моника Ѓулиоска, наградата за сценски настап ја доби Дефне Фејзули и најдобар дебитант е Елина Смајлоска – нагласуваат од Центарот за култура – Дебар.
И оваа година Фестивалот „Радика-фест“ финансиски беше поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес.