Одделот за изнајмување книги во охридската Библиотека се префрла во делот на некогашно „Охридско лето“

од admin_kult

Во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од денеска (7 декември) и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

Од установата информираат дека во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање на литература за деца и возрасни.

– Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид -19. Тимот на библиотеката паралелно со секојдневните обврски, работеше и на преселувањето од еден во друг простор на над 150.000 библиотечни единици белетристика, стручна литература и периодика – информираат од охридската библиотека, која годинава одбележува седум децении откако го носи името на патронот – големиот поет и преродбеник Прличев.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе