Одбележување на четиригодишнината од отворањето на Европската куќа во Скопје

од admin_kult

Денеска (13 ноември) во 18:30 часот во Поштата на Северна Македонија ќе се одржи настан со кој Европската куќа во Скопје ќе одбележи четири години од постоењето.

− Исклучително моќната структура на главната пошта, нејзината форма и архитектонскиот стил се симбол на реконструкцијата по силниот земјотрес во 1963 година и едно од најсилните обележја на градот Скопје!

По повод 60-годишнината, Европската куќа во Скопје го објави архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“. Бидејќи градот на солидарноста треба да го живеат и идните генерации, Европската куќа не случајно го избра овој објект од значајно културно наследство да го прослави својот четврти роденден.

Патот кон одржлива иднина на главниот град преку идејните решенија на младите архитекти и урбанисти ќе бидат изложени во шалтерската сала на Пошта – Скопје. Победниците на конкурсот ќе бидат свечено прогласени од амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир – информираат од Европската куќа во Скопје.

Роденденската програма ќе ja отвори мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ –   Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, а ќе ја заокружат еклектичните звуци на Антоние Весковски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе