Денеска се објавени конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ го распиша конкурсот за доделување на државната награда за 2024 година.
Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2024 година.
Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ го распиша конкурсот за државната награда за 2024 година.
Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.
Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.
Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.
Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2024 година.
Конкурсите се достапни на следниве линкови:
Конкурс за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Конкурс за државната награда „Мето Јовановски“