Дуетот за гитара и хармоника „Дармар“ на 30 септември во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид ќе го одржи својот прв концерт – „Вечер за паметење“. Специјален гостин како вокална придружба ќе биде Андријана Јаневска.
Дуетот го сочинуваат гитаристот Дарко Багески од Северна Македонија и хармоникашот Марко Хатлак од Словенија, кои студирале на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија, и имаат богата солистичка кариера на меѓународната сцена.
Ова е нивен прв официјален концерт како дует „Дармар“.