На 13 јуни во 20:30 часот во Градскиот парк во Скопје, Филхармонијата ќе го одржи традиционалниот годишен концерт под наслов „Фантазија“, на кој диригент ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија.
На програмата ќе бидат познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“, и тоа: „Малечката сирена“, „Убавицата и Ѕверот“, „Кралот лав“, „Снежното кралство“, „Покахонтас“, „Херкулес“, „Приказна за играчките“, „Книга од џунглата“, „Аладин“. Како солисти ќе пеат Биљана Јосифов (сопран), Денис Димовски (тенор) и Иван Наумовски (бас-баритон).