Најава за отворање на Форумот за културните рути на Советот на Европа

од admin_kult
Logo

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, среда, (16.4.2025 г.) во 10:30 часот, во просториите на Јавна соба (ул. „50. Дивизија“ бр. 22, Скопје) ќе се обрати на отворањето на настанот „Форум за културните рути на Советот на Европа во функција на развојот на културниот туризам“.

На Форумот ќе бидат презентирани културните рути на Советот на Европа во кои е вклучена и нашата држава: „Рута на Св. Кирил и Методиј“, „Винска рута-Итер Витис“ и „Рута на римски иператори и Дунавска винска рута“.

 Форумот претставува можност за дискусија, размена на идеи, мислења и искуства со други експерти и учесници од различни сфери за идниот развој на оваа област.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе