14/01/2022
Врз основа на Резолуцијата 41 Ц/48 усвоена на 41. Генерална конференција на УНЕСКО во 2021 година, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии за УНЕСКО, да поднесат до УНЕСКО најмногу 7 предлог-проекти од 5-те главни програмски области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени науки, култура, комуникации и информации, и 1 регионален проект најдоцна до 28 февруари 2022 година.
Услови за аплицирање:
Носител на проектот: Правно лице кое може да обезбеди квалитетна имплементација на проектот
Рамка и цели на проектот: Проектот треба да биде во согласност со усвоените приоритети на УНЕСКО за 5-те главни програмски области: образование, природни науки, општествени науки, култура, комуникации и информации за периодот од 2022 до 2025 година содржани во документот 41 Ц/5 Буџет и програма 2022 – 2025 г.
(https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000375756)
Ниво на проекти и буџет: На национално ниво – проекти со финансиска поддршка до 26 000 американски долари, на субрегионално и интеррегионално ниво – проекти со финансиска поддршка до 28 000 американски долари и на регионално ниво – проекти со финансиска поддршка до 38 000 американски долари.
Рок за реализација на одобрените проекти: 31.12.2023 година
Напомнуваме дека за проектите на регионално, субрегионално и интеррегионално ниво, со посредство на Националната комисија за УНЕСКО, потребно е да се обезбедат од 2 до 3 писма за поддршка од другите држави. Со цел Националната комисија за УНЕСКО да ги достави предлог-проектите во согласност со предвидениот краен рок, потребно е правните лица да ги достават пополнетите формулари на англиски или на француски јазик, како и на македонски јазик, до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 10 февруари 2022 година. Освен во хартиена форма, предлог-проектите треба да се достават и во електронска форма, на електронските адреси наведени во овој повик, со цел тие да бидат поднесени од страна на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија преку онлајн платформата на УНЕСКО.
Напомнуваме дека нема да бидат разгледувани предлог-проектите доставени по истекот на рокот 10 февруари 2022 година, како и оние што нема да бидат целосно пополнети.
Подетални информации зa Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2022 – 2023 година и постапката за поднесување на предлог-проектите заедно со формуларите може да се добијат и да се преземат од следниов линк:
https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000380181_eng.locale=en
Адреса за доставување на предлог-проектите по пошта и по електронски пат:
Министерство за култура на Република Северна Македонија
ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61
1000 Скопје
Електронски адреси:
t.kraljevska@kultura.gov.mk и ljupco.smilev@kultura.gov.mk
Телефони: 02/3240 591 и 3240 517