„Наивата во Македонија“ вечерва се претставува во „Мала станица“

од admin_kult

Во Националната галерија  (објектот „Мала Станица“),  денеска (1 март) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на „Наивата во Македонија“, а ќе биде промовирана и книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на  оваа област.

Куратор на проектот, кој беше претставен и во Уметничката галерија во Куманово, е Гоце Божурски. На изложбата претставени се дела од Вангел Наумовски, Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски, Крсто Славковски, Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка и многу други автори.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе