Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националната опера и балет и „Танец“

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет вечер (14 декември) со почеток во 21:00 часот ќе се одржи музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“.

Над 130 учесници на сцената, со заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии: „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски ора и вокални мелодии од богатиот репертоар на „Танец“. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат оркестарот, хорот и игроорниот кор на НУ „Танец“ заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.

„Фолклорно-класична симбиоза“ е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски – истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на „Танец“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе