Во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп се во тек активностите на проектот „Роднокрајна музичка поставка“, со кој во музејските витрини ќе се чуваат стари народни инструменти, предмети и записи од музичари од Прилеп, Долнени и од околината.
Станува збор за повеќегодишен проект кој, според координаторката Лилјана Неделкоска, библиотекарка во Музејот, ќе опфати музички имиња и дејци од овој регион, нивното музичко творештво, музички инструменти, записи, аудиозаписи, скриптозаписи, слики …
Инаку, Прилеп е еден од градовите каде што најрано започнале усвојувањето и негувањето на западноевропската музика и музичка култура.