МСУ – музејска тура со Бојана Јанева, филмска програма и матине со диџеј

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност утре (28 декември) во 12:00  часот почнува музејската тура со кустосот водич Бојана Јанева. Таа ќе ја прошета публиката низ двете новоотворени изложби: „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ со изложба на дела од колекцијата на МСУ и дела од современи уметници и меѓународната изложба „Војна на сетилата/војна врз сетилата“ од уметниците Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот „ЈоХа“ и во соработка со Метју Фулет.

Во 13:00 часот, пак, ќе се одржи матине со диџеј-сет, а во 16:00 часот почнува филмската програма во рамките на изложбата „Прекршено време…“. Ќе бидат прикажани: „ΜΑΛΘΑ: Трипати изгорените архиви со неверодостојни пророштва“ од Мариа Христофориду и „Калабусо и уништувањето кога ќе умрам/рид [morro]“ од Диего Крукс и Џијан Спина.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе