Монографско-ретроспективна изложба на дела од академскиот сликар Ангел Петров во Велес

од admin_kult

Во Ликовниот салон во Велес е отворена монографско-ретроспективната изложба „Бојата низ музика“ од академскиот сликар, велешанецот Ангел Петров. Со изложување 300 дела од Ангел Петров, неговото семејство  одбележа 90 години од неговото раѓање.

Ангел Петров почина на 4 јули 2020 година. Тој во текот на животот учествувал на над 200 групни изложби и имал 58 самостојни изложби во земјава и 11 во странство.

Ангел Петров е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата на животно дело „Гемиџии“ за 2004 година што ја доделува Општина Велес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе