„Мистика“ со музиката на Пјетро Маскањи во Филхармонија

од admin_kult

Овој четврток (14 декември), со почеток во 20:00 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе го изведе концертот „Мистика“, посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој, во соработка со Кинотеката на РС Македонија, паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди од Италија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе