„Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ – 35. издание на Саемот на книгата

од admin_kult

Од 4 до 10 мај, под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 35. издание на Саемот на книгата.

Како што велат организаторите, една од главните цели на годинашното јубилејно 35. издание на Меѓународниот саем на книгата е да се одбележи колку е битно зачувувањето на мајчиниот јазик, како главен идентитет на народот, и затоа Саемот ќе се фокусира на активност и на програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, Македонската асоцијација на издавачи ќе организира и трибина по повод Денот на македонскиот јазик.

На годинашниот Саем на книгата, според организаторите, ќе се претстават над  60 издавачки куќи, меѓу кои најуспешните македонски издавачи, но и издавачи од регионот – Србија, Албанија и Косово. Во текот на саемските денови, издавачките куќи ќе се претстават со своите најнови наслови, ќе се реализираат средби со автори, но и повеќе промоции и попусти.

Саемот на книгата се реализира под покровителство на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе