
Биографија
Бисера Костадиновска-Стојчевска е родена на 20 февруари 1986 година во Битола. Докторирала на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на полето на науката за јазикот – англиски јазик.
Од 2009 година е избирана во соработнички и наставно-научни звања, до актуелното звање – вонреден професор на Педагошкиот факултет во Битола.
Автор е на над 50 научни трудови и коавтор на два учебника.
Како пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, членувала во неколку комисии: Комисија за образование, наука и спорт; Kомисија за труд и социјална политика; Комисија за европски прашања.
Била член на делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Во изминатите години била член на неколку пратенички групи: Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија; Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Членувала и во Пратеничката група за соработка со Парламентот на Унгарија, како и во Пратеничката група за соработка со Парламентот на Чешката Република.