Министерството за култура и Општина Крива Паланка Ве покануваат на прес-конференција „Крива Паланка – Град на културата 2024“ која ќе се одржи утре (06.03 2024) во 10:15 ч. во Музејот на македонската борба, Скопје.
На прес-конференцијата ќе се обратат министерката за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Предвидена е презентација и кратки обраќања на главните носители на програмата.