Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе изврши увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез-оркестар

од admin_kult

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на „ТАВ констракшнс“, Фатин Кан, и претставници на Националниот џез-оркестар денеска (14.3.2024 г.) во 11:00 часот ќе извршат увид во почетокот на реновирањето на просторот доделен на НУ Национален џез-оркестар, кој се наоѓа во подрумскиот дел на Националната опера и балет (стара Килимара).

Просториите, со одлука на Владата, се доделени на трајно користење на Националниот џез-оркестар. Адаптацијата е овозможена со средства од ТАВ-програмата и дел од Министерството за култура, од каде што е обезбеден и проектот за реновирање.

Предвидени се изјави од министерката Костадиновска-Стојчевска и од вицепремиерот Битиќи, како и од директорот на „ТАВ констракшнс“, Кан.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе