Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, утре (среда, 20.3.2024 г.) во 10:00 часот ќе го посетат Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.
Проектот, чиј целосен назив е: „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“, го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција.
Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.
Изјави за медиумите се предвидени во 10:30 часот.