Зоран Љутков
Биографија
Зоран Љутков е дипломиран драмски актер. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија.
На позицијата министер за култура и туризам доаѓа од Драмскиот театар – Скопје каде што покрај ангажманот како актер од прва категорија, ја извршувал и функцијата уметнички раководител во периодот од 2010 до 2014 година.
Освен на матичната сцена, настапувал и на сцените на другите национални установи и независни сцени во Македонија.
Во периодот од 2009 до 2018 година бил претседател на Организацискиот одбор на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ“.
Во периодот од 2014 до 2018 година бил извршен продуцент на Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ во Велес.
Во периодот од 2017 до 2018 година бил селектор на драмската програма на НУ „Охридско лето“, Охрид.
Во текот на својот работен ангажман одиграл голем број театарски и филмски улоги за кои има добиено многубројни награди и признанија во земјава и надвор од неа:
- Награда за најдобар млад актер на Македонскиот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински“, Прилеп;
- Награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал ,,Гола месечина“, Скопје (2014);
- Награда за најдобра главна машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ“, Велес (2021).
Во својата кариера одиграл голем број филмски и театарски улоги.
Улоги во ТВ-филмови и серии:
- Мустафа во „Последниот валцер“, реж. Младен Крстевски, Јаки Вел & МКРТВ, 2000
- Томи во „Заведени“, реж. Слободан Деспотовски, Совет за радиодифузија, 2002
- Режисерот во „Приказна за љубовта и свршувањето“, реж. Александар Русјаков, ФДУ – Скопје, 2003
- Сашко во „Сашко и Сашка“, реж. Драган Вељановски, BOX N0 2, 2005/6
- Александар во „9 степени“, реж. Томи Алексов, Совет за радиодифузија, 2006
- Крсто во „Транзициони мерки“, реж. Драган Вељановски, City star, 2006
- Судијата Звонко во „Преспав“, ОХО Продукција 2017 – 2023
- Петар во „Бистра вода“, реж. Јани Бојаџи, Алфа ТВ, 2023
Поважни театарски улоги:
- Џерардо во „Девојката и смртта“, адаптација и режија на Васил Христов, ТВ 21 Скопје, 2017
- Херострат во „Да се заборави Херострат“, од Григориј Горин, реж. Зоја Бузалковска
- Клит во „Александар“, текст и режија на Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
- Ланселот во „Змејот од Евгениј Шварц“, реж. Александар Ивановски, Народен театар Велес, 2000
- Данил Хармс во „Случајот Д. Х.“, според поезијата на Данил Хармс, реж. Владимир Милчин, ДТС, 2000
- Петар Верхеновски во „Демони“ од Достоевски, реж. Милчин, МНТ
- Клиентот во „Во самотијата на памучните полиња“, од Бернар Мари Колтес, реж. Деан Дамјановски, Народен театар Велес, 2003
- Трималхион во „Сатирикон (Големата гозба)“, според романот на Гај Петрониј Арбитер, реж. Кирил Петрески, Народен театар Прилеп, 2003
Филмски улоги:
- Турчин во „Прашина“, реж. Милчо Манчевски, History Dreams Ltd., 2001
- Крстоносец во „Тајната книга“, реж. Владо Цветановски, Министерство за култура на Р Македонија, 2002
- Мирче во „Резервни делови“, реж. Дамјан Козоле, Emotionfilm, Љубљана, 2003
- Филип во „Контакт“, реж. Сергеј Станојковски, Сектор филм, 2004
- Мирче во „Караула“, реж. Рајко Грлиќ, Сектор филм, 2005
- Славко во „Коски“, реж. Милчо Манчевски, Сенка филм, 2006
- Началник на полиција во „Пепи и Муто“, реж. Унковски 2016
Зоран Љутков зборува и англиски јазик. Оженет е и татко на две деца.